ЕМ ЧИТАЊЕ, ЕМ ЗАБАВА ЗА ДЕЦАТА

Во библиотеката

Комплетно е реновирано детското одделение во библиотеката „Борка Талески“ кое прерасна во современо катче за децата. Освен што ќе можат да земаат книги, ќе поминат време во читање, забавување и дружење во пријатен амбиент. За реновирањето се вложени 300 илјади денари.

– Во современиот и модерен простор децата покрај тоа што ќе земаат и враќаат книги, ќе се задржуваат подолго време поради привлечниот амбиент. Едниот дел е за деца од предшколска возраст и другиот за поголеми. Тука ќе може да читаат книги, да пишуваат домашна, да се дружат и да се забавуваат. Инвестицијата ја помогна локалната самоуправа, со што се заокружи реновирањето на градската библиотека. Претходно нов лик добијаа сите други оддели, големата читална и интернет клубот и библиотеката се претвора во една модерна културна установа која дава услуги од повеќе области – вели директорот Петар Петрески.

Во изминатиов период библиотеката прерасна во ризница на нашето книжевно богатство и современ мултимедијален центар по европски терк. Од 2005 до 2017 година реализирани се многу проекти во кои се вложени над 13 милиони денари.

Loading