НАГРАДА ЗА ПОЕТОТ ВАСИЛЕ ДИМЕСКИ

4. Priznanie Derzavin za poetot Vasile   Dimeski

Нашиот поет Василе Димески е добитник на наградата “Державин” за 2017 година што се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули лани до јули годинава. Признание го доби за поетската книга “Ноќва душава си ја изедов”. Наградата ја доделуваат Друштвото на писателите на Македонија и Славјанскиот универзитет од Свети Николе. Жирито оценило дека поетската книга се одликува со кохерентност и постапност во развивањето на епската слика, со што во својата интегралност таа се прима како поема со тревожни акценти на соочувањето со драмата на постоењето и подвигот да се остане над таквата ситуација.

– Стихозбирката освојува со енергија и импулсивност, со свежината на кажувањето и со оригиналност. Стиховите се мудри, длабоки и едноставни – се вели во образложението за наградата.

Василе Димески, годинава одбележува 50 години творештво. Автор е на 14 поетски книги во поновата современа македонска поезија. 

Loading