БЛАГОДАРНИЦИ ЗА СПАСИТЕЛИТЕ НА ТРЕСКАВЕЦ

2 I volonteri protiv ognot

Благодарници за учество во гаснењето на пожарот кај Трескавец  добија навивачката група Мајмуни, доброволците, работници од јавните претпријатија, приватните фирми и професионалците од градоначалникот Марјан Ристески. Со одѕив на повикот за спасувањето на манастирското богатство, стотина доброволци заедно со противпожарната екипа пожртвувано се втурнаа во зауздување на огнените јазици.

– Многу граѓани, припадници од јавниот и приватниот сектор несебично се бореа повеќе часови во справување со огнената стихија, а благодарниците се најмалку што може да направи локалната самоуправа во знак на благодарност – истакна  градоначалникот Марјан Ристески.

Доброволците со надчовечки напори се бореа да со спасат светилиштето на прилепчани.

 – И кривогаштанските пожарникари стасаа напомош заедно со градоначалникот Тони Заткоски. Четири дена се надгледуваше, помагајќи им на колегите кои имаа интервенции и на други локации – вели командирот Зоран Дунимаглоски.

– Првиот контакт со огнот беше страшен. Пламенот се ширеше со голема брзина поттикнат од силниот ветер. Со организиран ангажман и со  сите сили успеавме пеколот да не стигне до манастирот – кажа доброволецот Мухарем Јашароски.

Пожари беснееја и кај селата Бонче, Крушевица, Никодин, Дрен-Смолани и други места.  Крушевица беше сериозно загрозена, оти огнот стаса до првите куќи.      

Доброволците најавија дека доколку се појави ваква непогода, општината може да смета на нивното учество.

Loading