Маријана Ѓорѓиевска е првата прилепчанка која се искачи на највисокиот врв во Европа, Монблан. Заедно со Владимир Јованоски тие го претставуваа планинарскиот клуб „Мамути“ од Прилеп на неверојатната авантура и го развиорија македонското знаме на 4810 метри на врвот во Франција. Искачувањето и слегувањето траело три дена, а снегот и силното невреме не биле пречка за да го освојат “покривот” на Европа и да го остварат својот сон.
Патот до највисокиот европски врв е стрмен и тежок, но погледот од таму е фантастичен, небаре снежната околина и зиме и лете се гледа од авион.