ЌЕ СЕ ГРАДАТ ЛИ ЗГРАДИ ЗА БЕГАЛЦИ?!

ОК на ВМРО – ДПМНЕ:

– Пред 26 години прилепчани, на чело со екс градоначалникот Илија Димоски Шаторот, не дозволија да се населат 3 300 босански муслимани во  касарната

DSC02665

„Дали е вистина тоа што деновиве се зборува дека Прилеп ќе добие 14 нови згради за сместување на бегалците во близина на касарната „Мирче Ацев“, прашаа на прес конференција во ОК на ВМРО – ДПМНЕ.

– По 12 години Прилеп е погоден од политичка катастрофа, од осмислен уништувачки напад на новата Влада! Сé она што градевме, унапредувавме, финансиравме и планиравме овие години со предложениот ребаланс е стопирано! Безобразно и дрско од тие што ветуваа нов живот, дочекавме да бидат промотори на линчот на Прилеп! Со ребалансот, Прилеп нема да има уште 3 спортски училишни сали во Кире Гаврилоски, Орде Чопела и Климент Охридски! Гимназијата Мирче Ацев нема да добие нова дограма, Економското училиште реконструкција на стариот објект, Гоце Делчев нема да ги реконструира санитарните јазли! А најштетниот потег е прекинот на градбата на експресниот пат Прилеп- Градско! Ова е катаклизма за Прилеп! Благодарение на СДС, Прилеп нема да добие нов театар, нови автобуси, реконструирана стара чаршија, реконструирана сала Македонија, тутунарите нема да добијат 90 денари субвенции – рече меѓу другото Виктор Здравески, член на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. 

На ова дилема која ја оторија во јавноста нема официјална реакција, ниту одговор од владеачката партија. Прилепчани веќе негодуваат.

– Попис на население? Ќе почекаме да стасаат мигрантиве, ќе бидеме фазла држава, хе, хе… – напишал на својот Фб профил Блаже Мицкоски.

CmCzlusWAAA9VpC

Во јавноста официјално уште никој не ја обелоденува намерата со бегалците. Но, Прилеп добро памети како пред 26 години се спротивстави на бегалската криза, а за што пред неколку месеци потсети на протестите за „Заедничка Македонија”, екс градоначалникот Илија Димоски – Шаторот. Тој се врати во 1991 година при создавањето на независна Македонија и првото прилепско плурално локално собрание чиј претседател беше Димоски.

prilep

– Уште тогаш, странските сили кои и мислат лошо на Македонија, или кои ја разделија во Букурешт, имаа стратегија за разнебитување или уништување. Се обидоа во Прилеп да населат 3300 босански муслимани со престој во касарната за по години да се создаде мултиетничка средина, во која лесно ќе се манипулира. Како тогашен Претседател на Собранието, денес Градоначалник, имав голема одговорност тоа да го спречам. Силата беше народот. Ме викнаа на разговори во тогашната Влада, ме притискаа со најразлични методи. Ми ветуваа дека доколку ги примиме, Прилеп ќе доживеел економски развој. Не наседнавме. Од час во час бевме сé повеќе и повеќе. Додека бев на разговори, народот ја блокира касарната, пристигнуваа луѓе од сите поголеми компании со мислата за иднината на Прилеп и со вербата за Македонија. Немаше разнебитени политички структури. Имаше само народ. Полицијата доби наредба да употреби сила врз народот, но прилепските началници не ја спроведоа. И полицијата се солидаризира со народот, поради што одговорните беа сменети, но останаа достоинствени Македонци – потсети Димоски.

Дилемата која ја отвори опозициската партија предизвика реакција низ чаршијата каде меѓусебно се прашуваат некои граѓаните дали ќе се најдат и други шаторовци доколку има вистина во пласираната теза или е обид за политички поен.

Mogilata

ДОМАЌИНИ СО СТРАТЕГИЈАТА

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев рече дека Македонија имала една стратегија и тактика во делот поврзан со бегалците и мигрантите, а сега новата влада тоа го менува. Ѓорчев истакна дека на мигрантите им било дозволено да престојуваат од 24 до 48 часа во државата, а за тоа време надлежните имале хуман пристап кон нив.

– Она што го гледаме сега како промена со овој предложен документ, со оваа стратегија на Министерството во периодот од 2017 до 2027, следните 10 години, предвидува Македонија да биде земја домаќин, односно земја во која ќе се сместат огромен број, не знаеме колкав, на луѓе кои трајно треба да останат. Македонија ниту има ресурси, ниту тие луѓе сакаат да останат овде. Македонија има ограничено ресурси, има своја невработеност, има потреба со сместувањето и домувањето на сопствените граѓани и тие едноставно, нашите граѓани треба да бидат приоритет – потенцира Ѓорчев.

Според него, преку стратегијата, граѓаните не само што не се приоритет, туку се целосно маргинализирани и ставени на страна.

Loading