СКАРА, ПИВО И ЗАБАВА КОИ СЕ ПАМЕТАТ

СЈАЈОТ НА 15-тото ИЗДАНИЕ НА ПИВОФЕСТ

severina

Прилепскиот Пивофестивал има шмект. Посебен е и единствен, препознатлив, оригинален, а не копија. Кога си прв, кога се има визија,  искуство во организацијата и сенс што сака илјадната публика, и колку посетителите се жедни за ладно пиво, а на превскусната скара не можат да и одолеат, тогош погодокот е сто проценти. Без лажна скромност, објективно кажано, мина уште еден Пивофест за паметење. Ќе го помнат посетителите и по добрата забава и хитовите на популарните музички ѕвезди од Македонија и Балканот, во четирите вечери на програмата. Исправен пред предизвикот, градот покажа дека знае да го слушне гласот на народот, да се фати во костец со сиот товар носен со организирањето на наголемата манифестација во државава.

– Годинава, на почетокот не се знаеше точно дали ќе се одржи, поради политичката ситуација и неизвесните ингеренции на локалната самоуправа. Граѓаните сакаа уште едно фестивалско издание. Во многу краток рок, три-четири недели, го организиравме Фестивалот. Задоволни сме како поминаа фестивалските денови. Се забавуаа илјадници посетители од земјава и од странство. Организацијата беше на највисоко ниво, немаше поголем инцидент, освен некои ситни кои се дел од веселата фестивалска атмосфера – рече градоначалник Марјан Ристески.

Ниту врнежите и пониските температури не го намалија уживањето.

– Се дегустираше пиво, се јадеше вкусна скара и големиот број музички ѕвезди ја направија атмосферата незаборавна – вели Талија Петреска од Центарот за граѓанска иницијатива.

{AG}461/pf{/AG}

Настапија македонската група Eye Que, легендарните Психомодо Поп, Амадеус бенд, Don Minott & Conquering Lion, Нокаут, Ален Исламовиќ, Елена Велеска, Анабела, Харис Џиновиќ, Тајфата со Димитар Андоноски, Џамбо Агушев и ѕвездата на овогодинешниот фестивал Северина.

Комуналните служби експресно го исчитија централното градско подрачје и булеварот „Гоце Делчев” каде беа поставени штандовите. Освен на главната сцена, забавата продолжуваше во клубовите и  кафулињата кои имаа продолжено работно време.

Прилеп останува да биде најфестивалски град. 

Loading