ПРИЛЕПСКО ВСЕЛЕНСКО ВОЗИЛО ВО ОХРИД

2 Za Ohrid kako za na mesecina

Неколку стотина џипови и запаленици по off road турите од земјава, Бугарија, Србија, Црна Гора, Б и Х, дури и од Полска, учествуваа на дводневната трка во близина на селото Лакочереј кај Охрид. Неколку прилепски претставници не одолеаа на страста, туку се нурнаа во прашините, дупките, нагорнините и надолните, да го кренат адреналинот на интернационалниот спектакл. Дури за овој повод, подготвија посебно возило да се нареди меѓу најатрактивните на Балканот.

Владо Милошески – Лало, со посебене жар неколку месеци, не штедејќи средства, фризира посебен теренец, налик на оние за космонаутите за движење на месечината. Небаре вселенско, возилото е микс од стара шасија на џип Тојота и 2,5 дизел мотор на Мерцедес, обезбеден со метална контрукција за заштита од повреди при превртување. Адаптацијата се потврди за успешна на огненото крштевање на охридската фешта. Не се верува дека до следната авантура, Милошески го задоволи апетитот на пасијата.

Инаку, охридската тура имаше и забавен карактер во кампингот Ас кај Струга, каде танчерки приредија шоу за учесниците.   

Loading