Младиот член на Мамец, Лука Калески, се закити со титулата државен првак за 2017 година, освојувајќи го пехарот на Државното кадетско првенство во лов со пливка во Дојран. На втората позиција за сребро се нареди кадетот Петар Шијакоски. Двајцата ќе ги облечат репрезентативните дресови и ќе ги бранат националните боите на Светското првенство во 2018 година. Со марифети, стекнати од родителите, успеаја да ги измамат рибите и да фатат во живарникот најголемо количество во силната конкуренција.
Кадетската екипа на Мамец, во состав Лука Калески, Петар Шијакоски, Дамјан Димкоски и Ана Марија Николоска, стана апсолутен победник за 2017 година.