ЧОКОЛАДО И СЛАДОЛЕД ЗА НАГРАДА

ОУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“ НА ИНТЕРКУЛТУРНА РАЗМЕНА ВО ШВАЈЦАРИЈА

blaze-koneski

Учениците од ОУ „Блаже Конески“, Стефан Бошески, Михаела Наумоска, Лиле Пирганоска, Валерија Алампиоска, Емилија Илиеска, Веромика Томеска и Димитар Ангелески, под раководство на директорката м -р Марија Дулевска направија разменска посета со ученици во детското село Песталоци во областа Троген, Швајцарија. Од 20 јуни до 4 јули, во соработка со Коалицијата СЕГА. Посетуваа курсеви за учениците за идентитет, групна работа, соработка, тимска работа, недискриминација, стереотипи, предрасуди.

Пред наставниците и учениците од Швајцарија, за културата и обичаите во Македонија, знаменитостите на Прилеп, и Македонија, успесите на полето на спортот за ракометниот клуб Вардар одржаа презентација. Презентација за својот град имаа и децата од Битола, Штип, Гостивар, Охрид.

{AG}459/bk{/AG}

– Распоредот во детското село беше од 9-12 и од 14 до 17 часот курсеви и од 17 натаму дружења во младинскиот клуб и во спортската сала. Со учениците од Швајцарија се работеше во мешани групи од ученици кои мораа заради исполнување на активноста, заеднички да соработуваат, комуницираат и да ги исполнат задачите. Прекрасни мигови и успешна соработка. За викендите се посетија Цирих, Ст. Гален, Луцерн, Технорама – најголемиот научен центар во Швајцарија. Учениците го посетија Сантис и се искачија на височина од 2502 метри на Алпите во Троген. Се пешачеше на планините околу детското село Песталоци. Учениците го пробаа швајцарското топено сиење – ле фондуе – како специјалитет на земјата. Мешаните групи на швајцарски и македонски ученици добија швајцарски чоколади и сладолед за практично решени пет задачи на терен во Ст. Гален. Потоа, рабтни групи го подготвија акциониот план за идни и понатамошни активности. Разменската посета претставува незаборавно и несекојдневно доживување – објаснува м-р Марија Дулевска, директор на ОУ “Блаже Конески”.

Учениците се навикнувале да ја развиваат општествената одговорност – во групи секој ден си ги извршувале секојдневните обврски и се грижеле за себе, инвентарот и околината.

По враќањето во Македонија, учениците и родителите ќе скројат акционен план за одржливост на проектот, согласно пропозициите на СЕГА. Главен супервизор и предводник на целата група од градовите во Македонија, беше претставникот на СЕГА од Прилеп, Михаил Темелкоски Дворчанец. 

Loading