ЖЕНСКИОТ КЛУБ СО ТРИ ТИМА

Ракомет

Убави планови има во Женскиот ракометен клуб Прилеп. За наредната сезона желба е да се натпреварува во три конкуренции. Покрај сениорската екипа, се очекува учество на младинска и пионерска. Ако ова се оствари, како некогаш, постојано ќе се обновува играчкиот кадар, конкуренцијата за секое место ќе се зголемува, а со тоа и квалитетот. Сениорскиот тим е на одмор одреден од тренерот Рубин Богојески. Засега нема заминати, ниту новодојдени. Значајно е да се задржи составот, а ако е можно да се вратат неколку прилепчанки од останатите клубови во земјава.

Подготовките ќе стартуваат околу 10 август, а првенството е закажано за 16 септември.

Loading