МЛАДОСТ 96 СЕ СПАСИ

Пинг-понг

Неочекувани резултати се случија во Супер лигата и екипата на Младост 96, за која се чинеше дека е безбедна, се бори за опстанок во последното коло. На заостанатиот натпревар дома со силната екипа на Шампиони ФА од Штип, второпласирана, низ голема борба, во исцрпувачки дуел, наспроти гостинското водство од 1-3, прилепскиот состав победи со 5-4. Рикалоски и Штаргоски добија по две партии, а една додаде Стомнароски. Младост 96 обезбеди опстанок, а бараж ќе игра Телеком Скопје. Отпаѓа Радовиш, а нов суперлигаш е струмички Астраион. Шампион е скопски Работнички со прилепчанецот Лашкоски.

Табела: Работнички 26, Гоце Делчев 24, Шампиони ФА 14, Вардар и Младост 96 по 12, Младост 10, Телеком 8, Радовиш 3.

Loading