КУП НАГРАДИ ЗА „ТРУДНА ПРИКАЗНА“

6 Trudna prikazna  - laureat na MTF

За најдобро уметничко остварување во целина, жирито на 52. МТФ „Војдан Чернодрински“ ја оцени претставата „Трудна приказна“ од Благица Секуловска во режија на Лидија Дедовиќ на Театарот Комедија од Скопје.

– Имавме интенција да фаворизираме претстави со современи теми низ врска на македонската традиција, респектирајќи го врвниот квалитет во сите елементи. „Трудна приказна” ги исполнува сите елементи, почнувајќи од текстот на Секулоска кој зборува за традицијата, а изведбата беше извонредна во сите сегменти. Одевме на одлука дека на театарот му е потрена неспоредна, жива врска со реалноста. Раќањето е актуелност, која не е наместена, придодаена, туку произлегува од суштината на текстот – изјави академикот Митко Маџунков, кој беше претседател на жирито.

Претставата се закити уште со четири награди. Благица Секуловска за текстот, Јелена Жугиќ за главна женска улога, Жарко Димоски за машка епизодна улога “Димче Трајковски” и Ева Скендеровска за женска епизодна улога.

Ансамблот на театарот „Војдан Чернодрински” за изведбата на претставата ,,Љубовни пози на историјата,, во режија на Наташа Поплавска ја доби наградата за колективна игра, а Емил Петро се закити со наградата за сценографија. Дел од ансамблот на театарот искажа револт на одлуката на жирито.

Наградата за режија и за современа сценска драматизација му беше доделена на Љупчо Ѓорѓиевски за „Лазаревото писмо” на штипскиот театар. Јовица Михајловски ја доби наградата за главна машка улога во претставата „Венецијанскиот трговец” од  Драмскиот театар. Наградата за млад актер „Трајко Чоревски”, замина во рацете на Стефан Вујисиќ, а за млада актерка кај Сања Русеска во претставата „Хај Фај” на театарот од Куманово.

Loading