В сабота на плоштадот Александрија
Утревечер од 20 часот на плоштадот Александрија, заеднички концерт ќе одржат детските ансамбли на КУД „Мирче Ацев“ и гостите од Србија, КУД „Јованча Мициќ” од Јагодина. Гости ќе бидат и етно групата „Сварожичи” од Јагодина. Домаќините годинава слават 70 години со продлабочување на соработката и со ФА „Темпет” од Макарска, Хрватска, кои беа гости во април, Во август ќе се на гости и КУД „Јован Јовановиќ – Змај” од Ириг, Србија.
– Првата постава ќе го претставува македонскиот фолклор на меѓународниот натпреварувачки фестивал „Бујук-чекмеџе” во Истанбул. Се надеваме дека достојно ќе ја претставиме Македонија и притоа ќе земеме некоја награда како лани во Загреб, каде освоивме прво место за кореографско изведување – велат од друштвото.
Соработката на КУД „Мирче Ацев”и „Јованча Мициќ” од Јагодина трае две години.
Концертот е во рамките на Прилепското културно лето.