БЛИКА СЛИКАРСКА ИМАГИНАЦИЈА

Десетта ликовна колонија Дрен

2 Tvoreska atmosfera

Плодно творештво, убава дружба имаат учесниците на колонијата Дрен во ЦК ,,Марко Цепенков,,. Цела недела се освежија со уметнички творби и креативна астмосфера ликовното ателје и дворот на Центарот. Десетина уметници од земјата и од странство создаваат дела и разменуваат искуства.  Уметничките погледи на различни импресии со четките и боите ги доловија на платната Андријана Мациев, Новица Трајковски, Петра Јовановска, Верче Николоска Александар Џинго, Билјана Бинчев, Драган Најденовски (Македонија), Елена Ривка  Беларева и Виктор Пушкин од Русија, Маријана Везарова и Пламен Бонев од Бугарија. Делата остануваат во сосптвеностс на Центарот за култура а ќе бидат презентирани на јавноста на изложби.

– Одлични услови и прекрасна атмосфера. Воодушевена сум од градот – изјави Ривка Беларева од Русија.

– Ја пренесувам атмосферата што ја видов тука – вели Пламен Бонев од Бугарија.

Колонијата Дрен го доживува десеттото издание во рамките на Прилепското културно лето, организирано од  ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Loading