НОВА ГРАДИНКА ВО ОУ „РАМПО ЛЕВКАТА“

 MG 1589

Интензивно се уредува просторот за нова градинка во ОУ „Рампо Левката“. За сместување на сто деца локалната самоуправа ќе вложи три милиони денари.

– Рокот за завршување е почетокот на август. Потоа со средства од Министерството за труд и социјална политика градинката треба да биде опремена со инвентар. Во проектот е вклучено и уредување на дворното место –  вели  градоначалникот Марјан Ристески.

Прилеп особено внимание посветува на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со отварање на нови детски градинки или реконструкција и адаптација на постојни објекти. За неколку години капацитетот на ЈОУДГ Наша иднина се прошири за околу 200 места. Нови градинки се отворијаи во селата Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари.

Со средства од Министерството за труд и социјална политика се планира Прилеп да добие градинка со голем простор во Точила, со што ќе се сметне прашањето за сместување на децата од предучилишна возраст. Голема градинка треба да се гради и во населбата Рид.

Loading