САНАЦИЈА НА СТАРИОТ ПАТ ПРИЛЕП – ВЕЛЕС

2. Proodnost za Derven

ЈП за државни патишта, во соработка со Македонија пат и концесионерите на рудниците за мермер околу вештачкото езеро, го санираат стариот пат за Велес кој води преку преминот Дервен. За неколку недели ќе се отстранат критичните точки во должина од околу 15 км.

– Интензивно се рахабилитира дел од патот кај превојот Дервен за Велес. По обилните врнежи дожд, патот беше непрооден и нужна беше итна интервенција. За неколку недели ќе се санираат каналите, дупките и деловите каде коловозот го однесе поројот – вели Гоце Стефановски, раководител на Македонија пат.

Патот од регионален карактер е мошне експлоатиран, поради неколкуте рудници за мермер, големиот број на викендички и привлечниот манастир Св. Ѓорѓи.

Loading