Велевачкоска судеше финале
Во Струмица се одигра женско фудбалско финале за Купот, кое одлично го отсуди Ирена Велевачкоска, арбитер со знакот на ФИФА. Пехарот е за Истатов по победата од 4-2 над Тиверија.
– Мое четврто финале, најсилно од сите. Беше како месно дерби, со публика, навивање. До 13 минута беше 2-2, паднаа четири гола. Се играше офанзивно на двата гола, мошне убав натпревар. Низ фер-игра сé заврши како што треба – вели Велевачкоска.
Дел од победничката екипа беа шест прилепчанки: Чакмакоска, Велеска, Белистојаноска, Крстеска, Аџулеска и Бошеска.