КОЛКУ ВЛЕЗНИЦИ СЕ ПРОДАВАА?

Историја

Во шеесеттите, седумдесеттите и на почетокот од осумдесеттите години од минатиот век често трибините на стадионот „Гоце Делчев“ беа исполнети до последното место. Меѓутоа, колку точно гледачи присуствуваа, беше прашање со многу различни одговори. Едни сметаа дека стадионот собира 12-15, други 20, трети дури 25 илјади гледачи. Произлегоа различни податоци. Ако навистина на најпосетениот натпревар во историјата, (Победа – Пелистер 3-1 од 15 март 1981 година) биле продадени фантастични 18.000 билети, тогаш чудно е како на 6 април 1975 (Победа – Работнички 4-1) биле продадени само 8.607. Разликата е безмалку 10 илјади. А стадионот и тогаш бил преполн. За овој меч клубот дал попрецизни информации – по 20 динари за малата трибина биле продадени 1.631 билети, а по 15 динари за големата трибина 6.976. 

Се сметаше дека две – три илјади луѓе влегувале бесплатно, главно преку ѕид.

Loading