Фудбал
Вчера стартуваше летниот преоден рок кој ќе трае до 31 август, што навестува многу возбудувања и новости во поглед на трансферите. Во фокусот е прволигашот Победа, од која се очекуваат зголемени амбиции за пласман во горниот дел од табелата. Деновиве треба да се стокми трансфер-листата, а потоа да се доведат засилувања во сите линии – одбраната, средината и нападот. Новите можно е да бидат уште на првиот собир, на 24 јуни.
Подготовките покрај во Прилеп, веројатно ќе се реализираат и во Банско, Бугарија.