БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ!

gimnazija-1

Гимназијата „Мирче Ацев“ е едно од најстарите средни училишта во Македонија, основана од 1944 год.  Денес, според бројот на ученици, ова е најголемото училиште во градот.

Зградата на гимназијата нуди комплетно и солидно одвивање на наставниот процес. Училиштето располага со 22 училници, спортска сала, фитнес центар, повеќенаменско спортско игралиште, тениско игралиште, медиотека, кариерен центар и библиотека со повеќе од две илјади примероци на книги.

Според новата наставна програма уште при упис учениците избираат едно од следните подрачја:

1. Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А или комбинација Б)

2. Јазично-уметничко подрачје (комбинација А или комбинација Б)

3. Природно-математичко подрачје (комбинација А или комбинација Б)

ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ, ГОРДОСТ ЗА ЦЕЛИОТ ГРАД

За Гимназијата се вели дека е расадник на прилепските интелектуалци. Од клупите излегле многу успешни професори, адвокати, поети, лекари, актери, политичари… И секој успешен во својата дејност.

Оваа традиција ја продолжуваат и сегашните генерации ученици. Нивното редовно учеството на многу културно-просветни настани во нашата земја секогаш е позитивно оценето. Нашите гимназијалци редовно учествуваат на државните и меѓународните натпревари и секогаш се враќаат горди со освоените награди.

Во оваа учебна година, учениците на државните и меѓународните натпревари ги постигнаа следните резултати:

Државен натпревар по географија

1. Христијан Стомнароски – 1 место – ментор проф. Виолета Проскоска Велкоска

2. Ана Димоска – 1 место – ментор проф. Виолета Проскоска Велкоска

Државен натпревар – експеримент по географија

1. Христијан Стомнароски – 2 место – ментор проф. Виолета Проскоска Велкоска

2. Стефан Костоски -2 место – ментор проф. Виолета Проскоска Велкоска

3. Антониј Ацески – 2 место – ментор проф. Виолета Проскоска Велкоска

Државен натпревар по биологија

1. Александар Ристески – 1 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

2. Јована Костоска -2 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

3. Никола Желчески – 3 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

4. Евгенија Кочоска – 2 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

5. Магдалена Паскоска – 2 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

6. Андреј Стојкоски – 3 награда – ментор проф. Милка Трајкоска

7. Сара Атанасоска – 2 награда – ментор проф. Петкана Цветкоска

8. Викторија Дунимаглоска – 2 награда – ментор проф. Петкана Цветкоска

Државен натпревар по физика

Симона Димеска – 2 награда – ментор проф. Кире Јосифоски

Државна олимпијада по физика

Христијан Ржаникоски – 3 место – ментор проф. Кире Јосифоски

Државен натпревар по математика

Емилија Џајкоска – 3 награда – ментор проф . Афродита Стефаноска

Државен натпревар по хемија

1. Викторија Дунимаглоска – 1 награда – ментор проф. Блаже Димески

2. Искра Белческа – 1 место – ментор проф. Христина Манческа

3. Ивана Дукоска – 2 награда – ментор проф. Христина Манческа

Државен натпревар по иновативни производи

1. Косара Блажеска – 1 место – ментор проф. Ружа Ангелеска

2. Исидора Стеваноска – 1 место – ментор проф. Ружа Ангелеска

Државен натпревар по информатика

1. Бранислав Попоски – 1 место – ментор проф. Анета Стојческа

2. Димитар Милески – 2 место – ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа

3. Ангела Милошеска – 3 место – ментор проф. Анкица Стеваноска Јанческа

Државен натпревар за најдобра поетска книга

Симона Паскоска – 3 место – ментор проф. Ленка Јованоска

Меѓународен натпревар за средношколски театар на француски јазик  во Стара Загора, Р. Бугарија

Специјална награда на ученичката Марија Митреска за ликот на Лора во истоимената драма – ментор проф. Мирјана Бошковска

Државно првенство во пинг – понг

Александар Рикалоски – 2 место – ментор проф.Тони Атанасоски

Државено првенство во ракомет

Гимназиски тим – 3 место – ракомет мажи – ментор проф. Даниел Василески

Државено првенство во атлетика

– трчање

1. Леонид Вандевски – 1 000 метри – 1 место – ментор проф. Даниел Василески

– фрлање ѓуле

2. Дафина Настеска – 1 место – ментор проф. Даниел Василески

Државен натпревар по:

– соло пеење

1. Ангела Зероска – 1 награда – (вокална изведба) ментор  м-р- Татјана Ивановска

– хор

1. Гимназиски  хор – 1 награда – ментор – м-р – Татјана Ивановска

– оркестар

1. Гимназиски оркестар – 1 награда – ментор м-р – Татјана Ивановска

Државен натпревар во шах:

Давид Манески – 3 место – ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски

Државен натпревар во стрелаштво:

– младинци

1. Антонио Николоски – 1 место – ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски

2. Емануел Секулоски – 2  место – ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски

– младинки

1. Викторија Тренческа – 1 место – ментор проф. Гоце Ѓорѓиоски

БИДИ СВОЈ, БИДИ ГИМНАЗИЈАЛЕЦ, БИДИ ДЕЛ ОД НАЈДОБРИТЕ!!!

Angela-Zeroska-solo-peenje

H.Stomnaroski Ana-Dimoska-geografija

Inovativni-proizvodi-dvata-tima

Iskra-Belcheska-

leonid-vandevski-prvo-mesto-1000m

marija-mitreska-so-likot-na-Lora

rakometnata-ekipa-gimnazija-2017

Viktorija-Dunimagloska-i-Ivana-Dukoska-hemicari

 

Loading