АДРЕНАЛИН ВО ДИВИНА

4Voodusevuva zdivot na Mariovo

Планински велосипедизам, планинарење, спелеологија, аеробик, концерти, многу забава беа дел од содржините на шестото издание на фестивалот под отворено небо „Mariovo off road experience” во манастирот Свети Илија кај селото Мелница во Мариово. Околу 300 учесници од земјава уживаа во атракциите, од кои посебно привлече внимание влезот во Мелничката пештера, организиран од спелеолошкиот клуб „Златоврв”. Адреналин предизвика и планинарската тура на три врвови долга 15 км. Страстните планински велосипедисти во две тури возеа низ недопрениот предел 30 и 50 км., минувајќи низ селата Витолиште, Полчиште, Бешиште, Сатока, Градешница, Зовиќ и Манастир.

– Земјава располага со одлични услови за развој на планинскиот велосипедизам. Се допира природата, се влегува во дивината и недостапните и неистражени предели. Македонија има големи перспективи за овој спорт. Влегувањето во Мелничката пештера беше откривање на подземен град со тунели и хали. Поминавме одлично со концертот на чалгиска музика – рече Александар Христоски од Скопје.

Планинскиот велосипедизам е во експанзија во Македонија. Се повеќе млади купуваат велосипеди, рекреираат и живеат здраво. „Mariovo off road experience” стана препознатлив бренд фестивал од овој тип не само во Прилеп Организатори  беа Здружението „Вело Европа” од Скопје и Општина Прилеп.

Loading