Во соработка на Друштвото на ликовни уметници и Општината во центарот се поставени современи паркинзи за велосипеди со урбан стил. Паркингот ем е украс, ем има практична примена. Со неконвенционалните идеи се развива екологијата и се крева нивото на велосипедската култура.
Средствата ги обезбеди локалната самоуправа, а креацијата е на уметниците. Тие предлагаат нови естетски содржини не само во градското јадро како сликање на мурали, поставување на скулптури, споменици и мозаици. Сликарот Тони Чатлески го освежи сивилото на Центарот на културата со мурал.