ДЕРВЕНСКА ТУРА СО ВЕЛОСИПЕД

В недела

Дервенската тура со велосипед го опфаќа живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, околината и кон планините Мукос и Селечка. За велосипедистите, ентузијасти и сите љубители на природата и екологијата, ова ќе биде можност за прошетка низ околината на две тркала.

– Второто издание на дервенскатата рута тргнува во 10 часот пред споменикот на Александар Македонски в недела. Патеката ги опфаќа: Камена Баба – Кукул, Рудник Сивец, селото Присад, Дервенска клисура, манастирот Св. Ѓорѓија, Борула и на крајот учесниците ќе се освежат со чај кај домот Дервен. Учесниците на стартот потпишуваат документ за учество, а малолетните согласност од родителите. Задолжително е носење на кацига – вели организаторот Душко Димкоски. 

Ќе се организираат мала и голема тура. Малата ќе биде долга 35 км и искачување од 870 м, а големата од Дервен ќе биде на патека од 45 км и искачување од 950 метри. Турите ќе ги водат лица означени со рефлектирачки елек.

Loading