ПРЕТПРВОМАЈСКИ ТРИУМФ

Историја

Фудбалот некогаш ретко се играше во четврток, а еден од исклучоците беше 28 април 1988 година. Поради првомајските празнувања еден меч од 26 коло на Втората југословенска лига – Исток се одржа три дена порано, а тоа беше дуелот ОФК Београд – Победа. На стадионот ,,Карабурма” во отворена игра од двата ривала паднаа пет гола. Иницијативата ја имаа прилепчаните преку голот од 30 метра на Досев, израмнија домашните, па гол даде Гунев, а по второто израмнување пак на сцена стапи Гунев, за конечните 2-3 за Победа. Тренерот Кирил Анески настапи со составот:  М. Јонуз – Шалев, Ф. Јонуз, В. Димоски, Досев, Радевиќ – Богоевиќ (Раденковиќ), Тркалинов (К. Митрески), Т. Наумоски, С. Најдоски, Гунев.

Поразот ги сруши прволигашките планови на ОФК Београд, каде дојде до смена на тренерот Велимир Ѓорѓевиќ.

Loading