Ракомет
Во четвртфиналниот меч од Купот на Македонија за жени, Прилеп – Пелистер (38-28) домашните доминираа и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри во државава. Најефикасни беа Саздова со 12 и Крстевска со 10 гола. Во завршницата Прилеп ќе биде во друштво со останатите четвртфинални победници: Гевгелија, Вардар и Металург. Следниот викенд продолжува првенството во Супер лигата. Таму, истиот ривал – Пелистер. За кусо време е пелагониско дерби – втор дел. Убава можност за нови три бода за составот на тренерот Рубин Богојески.
Табела: Металург и Вардар јуниор по 54, Куманово 42, Прилеп 21, Овче Поле 18, Гевгелија 12, Пелистер 6.
Машката екипа на Прилеп во осминафиналето од Купот со 43-38 го совлада прволигашот Македонија ЃП, а во следната рунда очекувано загуби со 42-31 од фаворитот Металург. Во завршницата на Купот се и Охрид, Еурофарм работник и Вардар.
В среда продолжи плеј-аутот од Супер лигата, кога на домашен паркет со 27-24 беше совладана екипата на Металург 2. Во првиот дел водството беше 13-11. Во следното коло е гостувањето на цврстата екипа на Пролет во Скопје.
Табела: Радовиш 30, Пролет 29, Прилеп 28, Вардар ј. 19, Металург 2 – 18, Работнички 0.