КОН 1/4-ФИНАЛЕ ВО АВТОКОМАНДА

Ракомет мажи

Претстојниов викенд е одреден за најмасовното ракометно натпреварување – Купот на Македонија. Првата фаза се осминафиналните натпревари, во четири групи. Во Првата група се дуелите: Пролет – Металург и Македонија ЃП – Прилеп. Прилепскиот тим има противник од понизок ранг и се очекува да го елиминира за да стигне до наредната фаза – четвртфиналето. Таму најверојатно ќе чека екипата – домаќин, во салата ,,Авотокоманда”, суперлигашот Металург. Домаќинот секако е голем фаворит и нема многу надеж за сензација. Добро е да се даде максимум и достоен отпор на гигантот. На останатите дуели се среќаваат: Работнички – Струга, Охрид – Металург 2, Пелистер – Вардар ј., Младост – Еурофарм, Вардар – Борец, Радовиш – Вардар 2.

Претходно се одигра првенствен меч од плеј-аутот, каде на Прилеп му се случи пораз од 27-23 во Радовиш. Табела: Радовиш 30, Пролет 26, Прилеп 25, , Вардар ј. 19, Металург 2 – 15, Работнички 0. 

Loading