Трета
Преголема е разликата меѓу водечките екипи во Третата лига – Југ, претенденти за влез во вторлигашкото друштво, споредени со сите останати ривали. И екипата на Напредок Крушеани ни оддалеку не е ,,тврд орев” како есеноска, така што сосема очекувано пролетва се редат поразите. Минатото коло беше доживеана катастрофа во Гевгелија од лидерот Кожуф. Резултатот е 9-1 за домашните. Истиот резултат, испревртен, се случи на мечот во Велес, Гемиџии – Борец 1-9. Од друга страна, само еден гол падна на мечот Питу Гули – Големо Коњари 1-0. Голот за крушевчаните го даде Бојаџиески. Претстои 22 коло со дуелите: Дојранско Езеро – П. Гули, Г. Коњари – Партизан, Напредок – Гемиџии.
Табела: Кожуф 56, Борец 48, Превалец 41, Победа В. 38, Напредок К. 31, Гемиџии и Младост У. 30.