Прв солистички концерт на Марија Јанчулеска
Младата виолинистка Марија Јанчулеска со изразит блесок ја демонстрира својата дарба на првиот солистички концерт. Делата на Бах, Франк, Равел,… прозвучија импресивно. Надарената виолинистка имала повеќе семинари во земјава и во Шведска. Член е на Камерниот оркестар на Битола и редовен учесник е на Волин фест.
По завршувањето на средното музичко училиште, образованието ќе го продолжи на ФМУ во Скопје.