БЛЕСНАА БИТОЛСКИТЕ „КРАЛСКИ ИГРИ“

Заврши 51. издание на МТФ  „Војдан Чернодрински“

Жирито на 51. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ја прогласи најдобра претставата на битолскиот театар “Кралски игри” во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Естетиката и комплексноста на театарскиот чин беа пресудни за собирање на лаврите и за искачување на пиедесталот. Претставата доби уште три други награди. Градоначалникот Марјан Ристески, им врачи награди на режисерот Љупчо Ѓоргиевски, на Катерина Аневска за најдобра женска улога и за сценографија, на Валентин Светозарев.

Наградата за машка улога ја доби Никола Ристановски за играта во претставата „Животот е прекрасен“ на МНТ. Венко Андоновски доби награда за текстот „Јов“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје. За драматизацијата и костимите во „Ајнштајновите соништа“ од прилепскиот театар награди добија Русомир Богдановски и Розе Трајчевска.

Во рацете на Кире Миладиноски отиде наградата за сценски движења и кореографија за претставата „Старицата од Калкута“ на велешкиот театар.

Loading