СВЕТЛИНА ЗА „БОИТЕ НА ЗАЛЕЗОТ“

„Боите на залезот“ е новата поетска збирка од поетесата Блага Тутеска што ќе биде промовирана вечерва од 19 часот во библиотеката. Новиот поетски изблик е силен и импресивен отпечаток на нежната и чувствителна душа.

– Во четирите циклуси се пее за сопственото животно откровение, третото доба, односно залезот на сонцето – вели Тутеска.

Стиховите водат во прошетка на размислите за животот, татковината, природата.

Loading