СИ ДОЈДЕ ДОМА КОНТРОВЕРЗНИОТ ШАРЛО

По 75 години

Gradot go slavi Sarlo

„По 75 години историски се врати дома, меѓу прилепчани, потврдувајќи се како македонски деец и како порака за идните генерации, потсетувајќи на мотото дека во единството е успехот на сé“. Ова го изјави историчарот Тодор Чепреганов на откривањето на споменикот на прилепскиот и македоскиот борец од Втората светска војна, Методија Шаторов Шарло во центарот на градот. Автор на паметникот, висок 2,4 метри, излеан во бронза, е академскиот скулптор Жарко Башески.

Градоначалникот Марјан Ристески најави дека градот ќе се оддолжи со споменик и на грандиозното дело на Мирче Ацев, а Алејата на народните херои со десет бистри ќе се збогати уште со петтмина прилепчани, носители на Орденот, народен херој.  

За семејството на Шарло, споменикот е рехабилитација од анатемите.

– Мојот дедо, секаде се декларирал како Македонец и се борел за суверена, обединета Македонија. Возбуден сум и благодарен сум на локалните власти и на историчарите што го осветлија делото – рече членот на семејството, Илија Димески – Шаторот.

За Чепреганов, Шарло е една од најконтроверзните личности во македонската историографија.

Konecno dostoinstvo za Sarlo

– Тој беше личност која најмногу талкаше на буништето на историјата за да ја докаже невиноста. Конечно, по 75 години, се враќа со дигнато чело меѓу плејадата македонски великани кои животот го посветија на обединета и самостојна македонска држава – рече Чепреганов.

И за историчарката Соња Николова, која докторирала истражувајќи го делото на Шарло, тој е потврден македонски деец.

– Истражувањата покажаа дека Шарло, каде и да одел, и во туѓа комунистичка партија, тој секаде се декларирал како Македонец. Целта на негова борба, визија и мисија била Македонија да се обедини да стане независна, слободна и рамноправна земја со балканските држави – рече Николова.

Претседателот на Сојузот на борците, Круме Соколоски, смета дека градот му се оддолжува со споменик на својот заслужен сограѓанин.

За делото на Шарло се одржа и симпозиум.

Spomenik mesto crno petno

Loading