Големиот пехар ги краси прилепските канцеларии

По државните спортски пензионерски игри

На 28-те Државните пензионерски спортски игри, прилепските пензионери освоија најмногу, 79 бодови, во повеќе дисциплини и го добијаа  преодниот пехар што секоја година го преземаат најдобрите од сите, 53 здруженија, членки на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

 – Бевме најдобри и на регионалните спортски игри и успеавме да освоиме 12 први места. Искрено, мислев дека нашите спортисти не ќе успеат да го освојат втор пат преодниот пехар оти конкуренцијата беше силна. Се покажа дека 10 септември беше среќен ден. Освоивме најмногу бодови од сите други натпреварувачи. Го добивме во своите раце овој голем и значаен пехар. Цела година ќе ја краси канцеларијата на здружението. Се надевам дека  в година ќе се подготвиме уште подобро и пехарот ќе остани во трајна  сопственост – рече задоволен претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски.

– Успеавме со многу труд и тренинзи да освоиме најмногу бодови и да бидеме први. Весна Мојсоска го зазеде првото место во домино. Освоивме и три втори места едно во стрелаштво, во фрлање ѓуле каде доминираше прилепчанецот Борис Ковевски. Нашите пензионери беа трети во тргање на јаже .Мене не ме сакаше зарот и го освоив второто место во табла – вели  претседателката  на  Комисијата  за спорт Славица Јованова.

Loading