ОСВЕН ПАЛАТАТА ОТКРИЕНИ И КЕРАМИКА, МОНЕТИ И ФРЕСКИ

Завршија истражувањата на Маркови кули

Godinasen epilog na istrazuvanjata na Markovi kuliЗавршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Маркови кули, каде е пронајдена средновековната палата. Добиени се релевантни податоци за културно-хронолошкото детерминирање на двете основни етапи во развитокот на средновековниот Прилеп – протоурбана етапа ( IX/X до првите децении на XII век) и доцносредновековниот град (први децении на XII до крајот на XIV век).

– Со првата етапа се поврзуваат откриените остатоци од долните партии на живеалишни и производствени објекти, вкопани во геолошката подлога, и тоа – длабнатини за дрвени колја, длабнатини за плетерните ѕидови на објектите, складишни и работни јами, корита… Хронологијата на градбите (IX/X до првите децении на XII век) говорат за протоурбаната етапа и ја потврдуваат откриените наоди од типични примероци на садова керамика, алатки… Доцносредновековната етапа од развитокот (први децении на XII до крајот на XIV век), првенствено во горните партии од населбата, поопстојно е потврдена со откривањето на остатоците од простран станбен објект – палата, при што се констатирани три етапи во нејзината егзистенција меѓу кои нагласено место има првата етапа, хронолошки детерминирана во последните децении на XIII и првите децении на XIV век – вели археологот Бранислав Ристески, раководител на истражувањата.

Откриени се и делови од типични примероци на садова керамика, монети, фрески, како и градежна керамика, алатки….

Loading