СЛАВИ ХРАМОТ НА СЛОБОДАТА

Mladite i starite so ista cel - Risteski so veteranite od NOBГрадот – херој, градот на простумот и непокорот, градот на првата пушка, Прилеп, веќе 73 години е храм на слободата. Пламне запалениот факел. И за овој 11 Октомври, и за оваа слава на борбата се вишнеат гордостите на прилепчани, Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените, Алејата на народните херои, Меморијалниот музеј, паметниците на Ченто, Кузман, Петров, Тоше… Младите генерации го доживуваат Прилеп како Ерусалим, како аџилак за полнење со вера и сила, каде триумфира иднината. Слободарското востание од 41. е потсетник на долгот кон победниците и аманет за идните поколенија да создаваат нова историја, модерна и напредна држава, со ум и разум, со мудрост и сила, со знаење и респект кон втемелувачите на демократските вредности кои ги дарија животите на браникот на слободата. 

Трајко Стаматовски, претседателот на одборот на град Скопје на Сојузот на борците на Македонија од средбата на генерациите по повод празникот на востанието, 11 Октомври, порача младите да ја ревитализираат организацијата на борците и да се спојат искуството на старите и ентузијазмот и жарот на младите, зашто на татковината í се заканува “белата чума”.

– Нé не интересира политичката припадност на локалните власти, туку односот кон негувањето на придобивките од ослободителната борба со 20 илјади жртви – рече Стаматовски.

Повеќе од триесетина претставници од општинските одбори на борците пред денот на востанието се потсетија на борбените ослободителни дејствија и упатија порака да се одржуваат и негуваат слободарските вредности.

Благоја Чоноски рече дека иднината е онаква како што ја замислувал во младоста.

– Верувам во младите, оти располагаат со знаењето, со кое ќе влијаат на подобрување на животниот стандард. Правдата ќе победи. Оптимист сум, гледам разведрување на некои настани, зашто Македонија ја сакаме и ни припаѓа каква што е, да се нарекуваме Македонци – изјави Чоноски.

Градоначалникот Марјан Ристески рече дека Прилеп е град со револуционерно минато, кој  и ден денес пркоси на времето, но сега, следејќи ги трендовите на модернизацијата и осовременувањето, подобрувајќи ги условите за живот.

– Прилеп трајно вложува во зачувување на историјата. Потврда е  обновувањето на Паркот на револуцијата и поставувањето на бистите на Алејата на народните херои, поставување на споменици на Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров и Пере Тошев, како и импозантното спомен обележје на академикот Блаже Конески. Во соработка со Владата се реновира и Меморијалниот музеј 11 Октомври, кој е симбол на македонската револуционерна борба – рече Ристески, нагласувајќи
дека Прилеп отсекогаш бил и ќе остане борбено јадро.

За историчарот Рубин Белчески, средбите на генерациите претставуваат радост на ветераните од антифашистичката борба.

– Соништата им се стварност на оние кои се носители на државноста на некој начин и самостојноста уште од 1944 година. Се гордеат што нашите генерации ги реализираат нивните идеи низ мирновременски услови и се борат за економски просперитет, врз корените на  нивните слободарски мечти. Науката, културата, уметноста и други дејности, се борба на новите генерации – рече Белчески.

На средбата  беа  врачени пригодни подароци во знак на спомен.

ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

10 Октомври, (петок)

9.30-18ч. Крводарителска акција – ЦК “М. Цепенков’

10.30 Осветување на капелата – Нови гробишта

11.30 Поставување на камен темелник на капела на Старите гробишта

18.30 Централна манифестација – Камена бина, плоштад „Александрија”

18.35 Настап на учесници на Интернационалниот фестивал „Ѕвездички”   19.15 Настап на Воениот оркестар на АРМ

19.45 Поздравен говор на Градоначалникот Марјан Ристески

20.00 Огномет

20.00 Настап на Воениот оркестар на АРМ

20.30 Ретроспективна изложба на Илија Миноски – ЦК „Марко Цепенков”

21.00 ДЈ Ерик Фокс и Симона

11. Октомври, (сабота)

09.30 Положување на цвеќиња пред спомениците на: Методија А. Ченто, Кузман Јосифоски Питу и Могилата на Непобедените

10.00 Промоција на  училишна сообраќајна единица – Ристе Р. Ричко – пред зградата на Општина Прилеп

10.30 Изложба на килими – организација „Мајка Традиција” – плоштад кај Градскиот Саат

11.00  „Со љубов за Македонија” – музичко – балетски перформанс, плоштад Методија Андонов – Ченто

19.00   Фестивал „Ѕвездички” – ЦК „Марко Цепенков”

12. Октомври, (недела)

08.00 Меѓународен маратон во планинско трчање „Крали Марко Траил” –старт – Амфитеатар Варош

19.00 Фестивал „Ѕвездички” – ЦК „Марко Цепенков”

Loading