ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ ВО БУГАРИЈА

На 70 години од загинувањето на Шарло

Vnukot na Sarlo, Ilija DFimoski Satorot na spomenikot vo simite kaj PazardzikПо повод 70 годишнината од загинувањето на Методија Шаторов Шарло, делегација од Прилеп, роднините и научни работници со пиетет положија цвеќе на споменикот во градот Пазарџик, Бугарија. Многу години беше неоправдано осудуван и крстен како предавник прилепскиот секретар на ПК на КПМ. Такаречи до вчера беше озлогласен комунист. Со сменувањето на текстот за неговиот придонес за Востанието во Македонија на 11 октомври 41 г. во меморијалниот музеј 11 Октомври  практично се рехабилитираа историските вредности и се сменија квалификациите за личноста од висок формат. Се фрла вистинската светлина за неговото учество во антифашистичката борба.

Со прилепски корени, Шарло од прв човек на партијата во 1941 година заминал да води дел од комунистичкото движење на Бугарија. Неколку дена пред капитулацијата на Бугарија, на 4 септември 1944 г., не го повлекол батаљонот и загинал во месноста Милеви Скали кај Пазарџик, каде е кренат огромен паметник за херојската смрт.

Илија Димоски Шаторот, внук на Шарло, вели дека со сите научни откритија, документи од различни архиви и анализи на експертите од рангот на доктор Тодор Чепреганов и магистер Соња Николова, конечно е обелоденето маркантното дело.

– Тој бил заговорик за слободна Македонија, а не поддржувач на бугарските аспирации –  вели Димоски.           

Poklonenie za golemiot prilepski borecШарло долго време беше табу тема во историографијата. На повеќето симпозиуми се исправи неправдата, се осветли делото и се намести на заслуженото место како национален деец на македонското комунистичко движење.

Историчарите уште не одгатнале зошто Шарло давал отпор, кога црвената армија веќе била на триесетина километри од Пазарџик. Остануваат многу темни дамки и нејасни околности за смртта. Дали зад официјалното толкување уште има нешто мрачно, дали имало заговор?!

Според еминентни историчари, тој се залагал за слободна Македонија на Балканот.

М-р Соња Николова, анализирајќи ја обемната архива, открила дека, иако бил комунист, во неговиот идеолошки пат недостасува придонесот, како член на ВМРО – Обединета во Петричкиот крај во периодот од 1926-27 година.

– Тој бил и дел од промакедонското крило на ВМРО – Обединета.  Се борел за официјален статус на македонскиот народ и македонскиот јазик како признат балкански суверенитет. Останува нејасно дали тоа било причина за политичко елиминирање од ПК – вели Николова.

 И на КПЈ, и на БКП, Шарло им бил пречка заради идејата за слободна Македонија во слободен Балкан.  

Loading