РЕКОРДЕРИ НА МАССУМ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Sjajat medalite za ucenicie i mentorite“Секогаш тврдам дека наставниците во економското училиште “Кузман Јосифоски – Питу” се тим на професионалци кои произведуваат и пласираат квалитетни и способни млади кадри во нашата држава. Доказ за тоа се освоените 10 награди на овогодинешното образовно рандеву – МАССУМ кое се одржа во Крушево. Во историјата на МАССУМ ова претставува рекорд на освоени први и втори места од едно училиште”.

Spasija Neskoska Cuculeska - faktor za usesiОва го истакна директорката Спасија Нешкоска Цуцулеска, при обраќањето на традиционалниот, шести Саем на училишни компании. Тој веќе подолго време има национален карактер, со гости од други градови.

Континуитетот на организација на успешни Саеми на виртуелни компании и постојаниот раст на наградите освоени на МАССУМ се најдобар доказ дека Економското училиште, полека, но сигурно го враќа поранешниот сјај на елитно, иновативно училиште, кое се вбројува во најдобрите во градов, а и во Македонија. Одличната атмосфера, каде посветеноста и талентот не остануваат незабележани, туку се наградуваат, е плод на взаемната поврзаност на учениците и професорите. Секоја идеја се вреднува и преминува во активност, откако ќе се согледа од призмата на професорите и стручниот кадар. Бројот на манифестации и активности, во кои учествува СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” во општински рамки е голем, а овојпат ќе го апострофираме рекордниот, досега невиден успех на економистите на Образовното Рандеву, односно МАССУМ. Нашите ученици “на своја кожа” го осетиле натпреварувачкиот амбиент на 9. средба на сите средни училишта од Македонија, одржана во Крушево. Дружење, забава, тимска работа, посветеност, мотивираност, креативност и многу непреспиени ноќи е сето она што го прави  МАССУМ посебен и атрактивен.

Со напорна работа на учениците од училиштето и нивните ментори се постигна неверојатен успех. При тоа освоени се 10 награди.

Прво место за Најдобар маркетинг план

Marketingot e klucen vo ekonomijataУчениците Марија Петреска, Лина Смуткоска, Благојче Мојаноски и  Теодора Петровска, под менторство на Илчо Јорданоски и Менче Китаноска се вратиле со прво место за најдобар маркетинг план. Се претставиле со иновација, бидејќи сметаат дека живееме во време, каде на пазарот постојано се следат желбите и потребите на потрошувачите.

 

 

 

 

 

 

Најдобар штанд во Македонија

Unikaten stand za prvo mestoДенис Димоски, Ивана Ѓоргоска, Наташа Дудеска, Благојче Мојаноски, Александар Кочоски, Емил Јованоски, Даниел Тренески, Александар Боцески, Силвија Николоска, Марија Петреска и Александар Силески со менторите Жарко Смоквоски и Јасминка Димовска преку тимска работа и добра организација, постигнале успех кој се очекувал и на промотивен начин одлично го претставил училиштето.

 

 

“Златно” кариерно портфолио

portfolioto zlato vrediУчесничката Марија Петреска со менторите Весна Дворчанец и Цветанка Димоска, освоиле прво место за кариерно портфолио, документ кој во овие времиња може да се мери со злато. Преку портфолиото, младата и амбициозна ученичка, Марија Петреска ги изнела вештините и способностите на еден посебен и уникатен начин за претставување пред работодавачите.

 

 

 

 

Најдобри на модната писта

Avangarden krik na modnata revijaВо категоријата каде се ангажирале најмногу ученици – најдобра модна ревија, тимот на креатори: Василика Грозданоска, Фросина Штрлеска, Сибела Мамудоска, Теодора Величковиќ, Елена Стојковска, Самоил Момироски, Димитар Цицоски, Сара Тошеска и Александра Колевска ги покажле и докажале стручните вештини на моделите Марија Димоска, Кристина Паскоска, Кристина Здравеска и Стефанија Кржеска. Менторството на Мери Најдоска дало дополнителен инфлукс за Економското училиште во Прилеп да стане синоним за мода, иновативност и креативност.

Негување на спортот и сребро за златни зборови

Здраво тело во здрав дух и одлични спортски вештини кои ги покажала Марта Митроска ја довеле до второто место за пинг – понг, заедно со менторот Тони Стевананџија.

Второто место за најдобра поетска творба го освоила Тање Димеска која на креативен начин и преку пишан збор, со литературна творба одлично ги пренесла чувствата и допрела до срцата на жири комисијата.

Почитувачи на музата Талија

so monodrama go osvoi zirito - Lina DimoskaВо актерството потребни се емоции, чувства, внесување во содржината на монодрамата и најмногу ревност и авангардност. Квалитетите ги докажала  ученичката Лина Димоска, со освоено второ место за драмска изведба. Ментор на наградената í била професорката Лидија Паноска.

 

 

 

Седмата уметност “во вените”

Filmadziite gordi na uspehotФилмот како уметност најдобро е прифатен од пошироката публика. Тоа им послужило на Бојан Ѓорѓиоски и Андријана Ѓореска со менторот Мимоза Мијоска преку целулоидната лента да апелираат за подигање на еколошката свест на учениците. Бојан и Андријана покрај второто место на МАССУМ зеле учество и на меѓународниот натпревар по екологија во Сандански, Бугарија.

А, во иста дисциплина, водени од идејата дека сето она што е создадено од природата е непроценливо богатство кое треба да се чува и заштитува, тематски филм изработиле Димитар Врглески, Петар Шиклески, Благојче Мојаноски и Марија Петреска. За одбраната содржина – заштита на животните кои се пред изумирање им помогнал менторот Жарко Смоквоски. Вложениот труд им донел трето место, а треба да се напомне дека со истиот филм учениците се претставиле на меѓународниот натпревар по екологија во Бугарија каде го освоиле првото место.

Srebro za kinematografotСо видео запис, за приближување  до консументите, изработена била и реклама. Добрата реклама продава секаков производ. Таа е битен елемент во пазарната економија. Менторите Јасминка Димовска и Жарко Смоквоски, ги научиле средношколците за ова, па Димитар Врглески, Петар Шиклески, Благојче Мојаноски и Марија Петреска изготвиле пропаганден материјал, кој им донел трето место.

Loading