КАНЦЕЛАРИЈА НА АВРМ

Кривогаштани

Невработените жители на Општина Кривогаштани од денес ќе ги имаат на располагање услугите на канцеларијата од Агенцијата за вработување, во просториите на општинската зграда. На отворањето на кривогаштанското Биро за вработување ќе присуствува и директорот на АВРМ, Влатко Попоски.

Ова не е единствената државна подрачна институција.  Во Општината, во договор со Агенцијата за катастар на недвижности, се почнува со издавање на имотни листови. Пополнувањето и пријавувањето на документите се врши во приемното одделение. Според насоките од Владата, Министерството за труд и социјална политика, Општината назначи лице за комуникација со граѓаните кои имаат одреден вид на попреченост.

Деновиве жителите добија и експозитура на ТТК Банка.

Од инфраструктурните проекти, почна втората фаза од изградбата на јавниот паркинг кај сточниот пазар со поддршка на ЦРППР.

Во Кривогаштани се одржа трета традиционална трката “Државно ридско првенство 2014” со учество на 40 натпреварувачи. Првпат годинава учествуваат жени, како и еден натпреварувач од Општина Кривогаштани. 

Loading