ПРИЛЕПЧАНИ НА СТРАНАТА НА РАЗВОЈОТ

Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција на изборите 2014

Euforija na clenovite i  lokalnoto partisko rakovodstvoГраѓаните масовно покажаа дека се на страната на развојот, на делата и посветеното и одговорно работење на владеачката ВМРО -ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. На најмирните избори што до сега се одржале, излезноста беше 73 отсто од гласачите, се потврди дека прилепчани имаат висока демократска свест и подготвеност да носат одлуки.

– ВМРО-ДПМНЕ ја оствари најголемата победа во Прилеп за едни претседателски и парламентарни избори! Со поддршката дадена за ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 26500 гласови и разлика од над 8500 гласови од опозицијата, заедно покажавме дека навистина има разлика. Но, на овие избори најголем победник е Република Македонија. Граѓаните масовно покажаа дека се на страната на развојот, на страната на делата и посветеното и одговорно работење. Граѓаните ги избраа луѓето кои со чист образ ја бараат нивната доверба, оставајќи зад себе крупни проекти во насока на просперитет на Прилеп и Македонија. Секој глас за нас, претставува обврска за исполнување на довербата, обврска за реализација на новите 2046 проекти кои ги ветивме во програмата – рече Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, со старо-новиот претседател Ѓорге Иванов, се зачувува националниот идентитет, стабилноста на државата и интересите на државата во меѓународната политика. А со Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе  продолжи економскиот просперитет на Прилеп.

 

 

Loading