ТЕМЕЛИ НА ЧЕТИРИ ФАБРИКИ ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА

“Се подобрува амбиентот за бизнис во Прилеп, бидејќи последните неколку дена, 4 компании почнале да градат фабрики во индустриската зона Прилеп 1”.

Ова во Прилепската пиварница го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.

Вицепремиерот ја поздрави инвестицијата на Филип Морис во Тутунски комбинат и истакна дека со влезот на овој светски бренд во комбинатот значително ќе се подобри неговата состојба, ќе се обезбеди поголем откуп на тутун, а со тоа ќе се задржат работните места.

Според него, во следните шест до девет месеци ќе се отворат 1000 нови работни места.

– Во Кавадарци се отвораат 500 до 600 работни места во Дрекслермаер, од кои дел ќе бидат кадри од Прилеп – вели Ставрески, кој ја посети и фирмата Еурокомпозит и Мермерниот комбинат.                                                     

Loading