ИВАНОВ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ

Во вториот круг на претседателските избори на 27 април ќе трчаат кандидатот  на ВМРО – ДПМНЕ и актуелен Претседател Ѓорге Иванов и кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

И во Прилеп граѓаните му дадоа доверба на Иванов во првиот круг. Според ДИК, одзивот на гласачите бил 70,53 отсто, односно гласале 45558 граѓани. Иванов добил 53,02 отсто од гласовите, или 24172 гласа, а Пендаровски освоил 28,43 отсто од прилепчани или за него гласале 18384 граѓани.

Кандидатот на ДУИ, Илјаз Халими, освоил 142 гласа, а претседателскиот кандидат од партијата ГРОМ, Зоран Поповски, добил 1497 гласови.

На 27 април ќе се одржат и вонредните парламентарни избори само со еден изборен круг поради пропорционалниот систем.    

Loading