ВКРСТУВА РАКАВИЦИ ПО СЕДУМ ГОДИНИ

Дарко Чатлески

Darko Catleski na treningМалку неочекувано, но сигурно, Дарко Чатлески се враќа во боксерскиот ринг. Некогашниот спортист на градов, медалист од Европско кадетско, со интерконтинентална титула во кик-бокс, на 31 мај ги вкрстува ракавиците со Латвиец. Паузата беше седум години.

– Откако лани, по макотрпна работа, Пробокс Македонија влезе во Европската боксерска унија, почнав со тренинзи и сфатив дека ми недостасуваат борбите во профи рингот. Седумгодишната пауза ќе ја надминам. Предвидени се 10 – дневни висински подготовки пред мечот – најави Чатлески.

Претстои спектакл во Индустриско. Најавени се боксери од Јапонија, Латвија, Србија. За најуспешна организација досега се нафатија во Федерацијата и БК Ас. Формиран е менаџерски тим со промотерите Стојанчо Ѓорѓиоски и Христијан Трајкоски. Вниманието на јавноста и публиката е свртено кон Чатлески и неговиот обид да ги повтори младешките подвизи.

– Размислувам само за победа на мечот за влез на ранг листата. Крајната цел на секој професионален боксер е титула, но рано е за тоа. Прво да видам до каде сум – прецизен е Чатлески.

Loading