Гимнастика
Партизан Соколи на Златко Ангелески организираше пријателски турнир што ги надмина очекувањата. Прикажаното беше по квалитет над првенство. Се исплати двонеделниот труд со обезбедување 60 душеци и комплетирање справи. Учествуваа над 90 од домашниот клуб, соседниот Партизан, Кочани и Кавадарци. Вежбаа со ротација по три женски и машки справи. На крај “ѕвездите” Дино Бошњак и Иван Крстевски на кругови и разбој изведоа егзибиции за силен аплауз.
Најдобра е Партизан Соколи Прилеп со победи во Б лига екипно помлади, постари пионерки, поединечно Л. Стојаноска, во А лига екипно помлади, постари пионерки и постари пионери, а поединечно Т. Велкоска, А. Ангелкоска, И. Јанкоска, Д. Атанасоски, Џ. Христоски и Д. Ристески.