ЌЕ СЕ ГЛАСА НА 10 НОВИ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА

В недела Македонија ќе избира Претстседател. Тој ќе биде петтиот на непосредни претседателски избори по Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и сегашниот Ѓорге Иванов, кој ја бара довербата за нов петгодишен мандат. За неделниот прв круг на претседателските избори, кога ќе се гласа за кандидатите Ѓорге Иванов, Илјаз Халими, Стево Пендаровски и Зоран Поповски, гласачкото тело во Прилеп е 64567 граѓани со право на глас, кои ќе имаат можност да се изјаснат на 142 избирачки места.

Според Елена Чагороска, претседателот на општинската изборна комисија, сé е подготвено за изведување на изборниот процес  да се гласа  в недела од 7 до 19 часот.

– Постои уште еден избирачки список од 1897 гласачи во рамките на тие 64567 гласачи, кои се еведентирани дека излегле од земјава, но кои можат да се изјаснат за некој од кандидатите, ако се појават на изборните места и да ја задоволат процедурата за идентификација – вели Чагороска. 

Утре ќе гласаат 260 болни и немоќни лица, кои претходно се пријавија во ОИК. Утре ќе гласаат и затворениците.

В недела ќе има оторени 10 избирачки места повеќе во споредба на претходните избори.

Чагороска потенцира дека избирачките места каде имало над 1000 гласачи се поделени за неделениот избор.

Новите изборни места се 1367/1 и 1374/1 – се гласа во ОУ ,,Рампо Левката,, 1375/1 во СОУ ,,Орде Чопела,, 1380/1 во Мермерниот комбинат, 1385/1 во економското училиште, 1387/1 и 1392/1 во ОУ ,,Рампо Левката,, 1400/1 и 1402/1 во ОУ ,,Добре Јованоски,, и 1456/1 во градинката Тризла.

Извршено е припојување на 11 избирачки места каде има помалку од десет избирачи, па гласачите ќе гласаат во најблиските места.

Инаку, новина во гласањето годинава е тоа што гласачите ќе бидат обележувани видливо со мастило на десниот палец.

Loading