НИКНУВА ПРОДАВНИЦА ЗА СУВЕНИРИ

Suveniri na dofatМодерен метален објект се крена на плочникот во кој ќе бидат сместени за продажба сувенири од цела Македонија. И прилепчани, како граѓаните на другите градови, ќе можат да ги почестат своите гости од странство и од земјава со сувенири за потсетување на престојот во Прилеп. Продавницата ќе биде снабдена со предмети за спомен, поврзани со историјата на градот. За да остане градот и земјава долго во меморијата на посетителите, ќе се нудат и различни видови сувенири, специфични за сите краишта.       

Локацијата е избрана да биде најблиску до намерниците и случајните патници. Туристите, кои ја посетуваат Старата чаршија, брзо и лесно да најдат предмети со кои трајно ќе ја запамтат посетата на градот под Марковите кули.  

Продавницата е инвестиција во рамките на државниот проект за отворање на објекти за продажба на сувенири, со кои се афирмира македонската славна поблиска и подалечна историја. 

Loading