ЗЕЛЕНИ И ЦРВЕНИ КАРТОНИ ЗА ПЕШАЦИТЕ

Crveni kartoni, namesto globiПешаците беа главна мета на полицајците, кои покрај пешачките премини, им даваа зелени картони, ако поминале правилно, на обележан пешачки премин и црвени картони, доколку претрчале низ густиот сообраќај на булеварот меѓу возила. Ова е дел од едукативната акција на МВР за безбедност на сообраќајот, наречена “Недела на пешаците во Македонија”.

– СВР Битола, преку отсекот за превенција и полициските станици, ја спроведуваат едукативната кампања со делење на зелен флаер за оние пешаци, кои ги почитуваат правилата и прописите и црвен флаер за пешаците, кои сториле прекршок во сообраќајот. Сообраќајците ги советуваа пешаците – прекршители и им укажуваа на правилното преминување на улиците по “зебрите”, кое гарантира безбедност – истакна Сања Стаматова, портпаролот на СВР Битола.

Преку едукација, со опомена и поуки, полицијата влијае на граѓаните да ги намалат црните бројки на сообраќајни несреќи, каде пешаците се учесници и најчести жртви.

За прекршокот на пешакот, во кој ја загрозил својата безбедност и безбедноста на сообраќајот, предвидени се глоби од 1500 до 3000 денари. 

Годишно во Македонија по вина на пешаците се случуваат 200 сообраќајки, а животот го губат 40 пешаци.

Loading