ИЛЈАЗ ХАЛИМИ

Iljaz HalimiИлјаз Халими е роден 1954 година во с. Сушице, Косово. Дипломиран филозоф од Приштинскиот универзитет. Потпретседател на пратеничката група на ДПА и член на парламентот.

Залагања и поенти

-Моја заложба ќе биде да лобирам за привлекување странски инвестиции и ќе се борам за правилна распределба на буџетот на целата територија на Македонија, рече претседателскиот кандидат на ДПА, Илјаз Халими, по посетата на тетовските села.

– Гласачите нема да ги послушаат повиците од ДУИ за бојкот на изборите затоа што Албанците размислуваат со своја глава. Очекувам голема поддршка на денот на изборите, затоа што сум единствениот кандидат-Албанец – вели Халими.

Тој рече дека претседателот има можност да влијае врз распределбата на буџетот, да направи средствата да се распределат рамноправно, за да можат сите на некој начин да имаат корист од тие пари.

– Со тоа ќе им се помогне за подобар живот – додаде тој.

Loading