СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

Stevo PendarovskiСтево Пендаровски е роден на 3 април 1963 година во Скопје. Тој е е доцент по меѓународна безбедност, надворешна политика и глобализација, на Факултетот за политички науки на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Тој е дипломиран правник на Правниот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (1983 година). Магистрира на истиот Универзитет, на Институтот за политички, правни и социолошки истражувања, а подоцна и докторира. Претседателски кандидат на СДСМ со коалицијата.

Залагања и поенти

Режимот што се одржува врз основа на страв и репресивниот механизам на државата покажува знаци на пукнатост, истакна во своето обраќање пред симпатизерите, Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ. Тој рече дека има цел да биде гласен претседател и директно да влијае на сите политики што треба да го унапредат животот на обичниот граѓанин.

– Не пропаѓаат ниту Америка, ниту Европа. Да пропаѓаа немаше вашите деца да го бараат лебот таму. Сега е вистинскиот момент да ја вратиме композицијата Македонија на вистинската пруга, по вистинскиот пат. Да го вратиме животот во Македонија. Деновиве, каде и да одам, гледам дека луѓето се плашат да се поздрават со мене зашто локалните моќници наредени отстрана гледаат и кодошат. Верувајте, Македонија на вакво дереџе не била последниве 24 години – рече Пендаровски.

Тој им порача на граѓаните да не веруваат на владината пропаганда за економски бум и нови фабрики.

Loading