ЃОРГЕ ИВАНОВ

Gorge IvanovЃорге Иванов е претседател на Македонија, избран на претседателските избори во април 2009 г., како кандидат од ВМРО – ДПМНЕ. На функцијата стапи на 12 мај 2009 г. а претходно беше професор на Правниот факултет „Јустинијан I” во Скопје. Иванов е роден во Валандово на 2 мај 1960 година. По завршувањето на основното и на средното образование во Валандово, ги започнал студиите по право на Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Поддржан е за реизбор од ВМРО – ДПМНЕ и коалиционите партнери.

Залагања и поенти

За еден народ работиме, за народот на Македонија, рече претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на митинзите. Тој им се заблагодари на граѓаните што пред пет години гласале за него.

– Економскиот пораст овозможува Македонија да расте во височина. Да градиме највисоки стандарди, највисоки принципи, да ја градиме Европа во Македонија. Нашиот јужен сосед, за жал, нѐ блокира. Од таа блокада излезе нашата потреба да ја градиме Европа во Македонија. Но не се откажуваме. Затоа и добивме пет извештаи, пет препораки за почеток на преговорите. Тие нѐ блокираат затоа што сакаат да се откажеме од сопствениот идентитет. Но не потклекнавме. И нема да потклекнеме. Нема да прифатам промена на Уставот, со цел промена на уставното име – рече Иванов.

Додаде дека македонските граѓани сами одлучуваат за своите клучни национални прашања. 

Loading