СЕ ЧЕКА ВТОРАТА ЛЕНТА

Pri kraj e avenskiot vlez kaj SolidnostСкоро до половина е стигната реализацијата на авенискиот влез од Скопје. На крстосницата кај Солидност, поставени се знаци за забранет влез на таа гранка од улицата “Александар Македонски”. Изведено е асфалтирањето на една лента од коловозот, а другата го чека последниот слој.

Покрај градежниците, сепак возачите ја користат улицата, оти преферираат полесно да заминат за кон Скопје, место алтернативата со улицата “Петта прилепска бригада”. Некои можеби се жители на улицата, а некои и не знаат за другата опција. Затоа се прави колона од возила кои нетрпеливо стојат в место со запалени мотори.

За кусо време се очекува комплетирање на авенискиот пристап кон Прилеп, а со тоа се решава естетски и безбедносно ова инфраструктурно прашање.  

Loading