БОНБОНА ЗА БОНБОНА ПАРК

Садачките на цвеќиња од околу 50 гајби садници одбираат кое цвеќе ќе го расадат на одредено место. Околу шеталиштето со јапонски цреши, избрано е украс да биде цвеќето кај народот познато како бонбона. Работниците немаа време за муабет, да се разбере што друго ќе го кити местото Под Саат.  

Завршено е поплочувањето на патеките околу градскиот саат. Хортикултурно се уредува просторот. Паркот полека го добива ликот, со означени парцели, каде што ќе се сади. 

Loading